logo
logo
logo

Прванов: Колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан

Vecer | 04.07.2022

Прванов: Колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје.

Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза.

Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага.

Тој нагласи дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата.

-Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што не прогласија двајцата премиери на Бугарија и Северна Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски, коментира Прванов.

Прванов е дециден дека треба да се работи на обновување на билатералните односи, за ново зближување меѓу Бугарија и Северна Македонија, а тоа е можно, но не на начин да се влијае врз европските институции.

Тој го најави новото издание на книгата „Илинденско-преображенското востание 1903 низ очите на европските дипломати“, чиј коавтор е самиот тој.

Публикацијата, како што рече и Георги Прванов, ја расветлува документарната вистина за настаните меѓу двата народа пред повеќе од 100 години. Ќе се дистрибуира во бугарските амбасади во странство и европските институции.

(МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk