Прв случај на западнонилски вирус во БиХ

Првиот случај на западнонилски вирус во БиХ беше забележан кај пациент од подрачјето на Дервента на север од земјата, објавија „Независне новине“ од Бања Лука.

Пациентот закрепнал по терапијата и бил пуштен од болница, велат од Институтот за јавно здравје на Република Српска.

Станува збор за постар човек од подрачјето на Дервента кој бил хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар на РС со симптоми на акутен менингоенцефалитис.

Западнонилскиот вирус го пренесуваат комарци, а симптомите како што се температура, главоболка, болка во мускулите, гадење, повраќањето, а понекогаш и отекување на лимфните жлезди или исип на телото, пациентите ги чувствуваат помеѓу три дена и две недели по инфекцијата.

Кај осумдесет проценти од заразените лица не се јавуваат никакви симптоми.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари