logo
logo
logo

Протест пред албанскиот Парламент против предлог-законот за родова еднаквост

Vecer | 06.11.2025

Протест пред албанскиот Парламент против предлог-законот за родова еднаквост

Протестот е во организација на Албанската коалиција за семејство и живот, а учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше, „Пратеници, не гласајте против децата“, „Предлог-закон за родова еднаквост, антисемеен“, „Држете ги рацете подалеку од децата“.

- Лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, кој е пратеник, пред да влезе во Парламентот за медиумите ја коментираше изјавата на амбасадорот на Европска Унија во Тирана, Силвио Гонзато, кој повика на одобрување на овој предлог-закон.

- Му кажувам на амбасадорот на ЕУ, господине, ние апсолутно ја почитуваме сексуалната ориентација на секого, но не и вашите напори да наметнете стандарди за повеќекратна родова припадност, зашто овој закон е против семејството. Го повикувам нека им каже на Албанците во која директива на ЕУ се зборува за повеќекратна родова припадност. Нека излезе, нека го изнесе тоа пред јавноста, изјави Бериша.

Против донесување ваков закон претходно се произнесе и меѓурелигискиот совет на Албанија, составен од петте верски заедници, муслиманска заедница, автокефална православна црква, католичка црква, светската бекташка патријаршија и евангелистичко братство.

Во заедничка декларација на Одборот на Претседателството на меѓурелигискиот совет на Албанија, се нагласува важноста на традиционалното семејство, врз основа на двата биолошки пола: маж и жена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk