logo
logo
logo

ПРОПАДНА ПРВИОТ КРУГ за нов претседател на Албанија

Vecer | 16.05.2022

ПРОПАДНА ПРВИОТ КРУГ за нов претседател на Албанија

Пропадна првиот круг за избор на нов претседател на Албанија. Собранието не достави предлози за нов албански претседател до првиот рок, кој истече вчера во 16 часот, објави Еуроњуз Албанија.

Првиот круг од гласањето требаше да се одржи денеска во 17.00 часот.

Шефот на пратеничката група на Социјалистичката партија на Албанија, Таулант Бала, по средбата со поранешниот пратеник Месил Додо и поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу, рече дека се постигнати неколку договори за избор на нов претседател, но дека не уште е прецизирано.

Бала рече дека во наредните денови ќе се разговара за нови кандидати за претседател.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk