Пронајдени 26 запалени тела во куќа во Атина, повеќето од луѓето биле прегрнати

Во дворот на една вила, во одморалиштето, Мати, 25 километри североисточно од Атина, пронајдени се 26 запалени тела. Како што пренесе тамошниот Црвен крст, се претпоставува дека во прашање се членови на семејство, а многумина се пронајдени прегрнати.

„За жал пронајдовме 26 изгорени тела, помеѓу две куќи, на местото Аргира Акти“, изјави Никос Економопулос од грчкиот Црвен крст за државната телевизија.

„Телата беа пронајдени на 15 метри од брегот, а полициските сили ја блокираа областа. Овие луѓе најверојатно се обиделе да побегнат до брегот, но огнот ги блокирал“, раскажува фотографот на новинската агенција АНА.

Огнената стихија што ја зафати околината на Атина не стивнува од вчера, а локалните медиуми и итните служби јавуваат дека бројот на жртви нагло се зголемува.

Инаку, досега се спасени околу 80 лица, а во операциите за гасење на огнот, ангажирани се повеќе од 200 пожарикари, со употреба на 60 противпожарни возила. Според зборовите на портпаролот на грчката влада, Димитрис Цанакопулос, 15 пожари избиле сумултано во три области околу Атина. Во катастрофата загинаа најмалку 50 лица, а повеќе од 100 се повредени. Осумина туристи се водат како исчезнати.

Сите најнови вести за пожарите во Грција, следете ги ТУКА.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари