Ивица Дачиќ:

Приштина не е сигурна дека има поддршка за УНЕСКО

Приштина не поднела барање за прием на Косово во УНЕСКО, бидејќи не се сигурни дека имаат доволно поддршка

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Приштина не поднела барање за прием на Косово во УНЕСКО, бидејќи не се сигурни дека имаат доволно поддршка.

- Тие тоа го толкуваат дека можат да поднесат барање на самата генерална конференција, бидејќи минатиот пат нивното барање го мина Извршниот совет. Тоа е папазјанија. Ајде, нека пробаат. Јас никого не провоцирам, изјави Дачиќ за РТС.

Тој оцени дека оние држави кои ја признале „еднострано прогласената независност на Косово", посакувале слаба Србија на Балканот. - Тоа нема да им успее, вели Дачиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари