logo
logo
logo

Приштина ја забрани продажбата на масло за јадење увезено од Србија

Vecer | 04.02.2023

Приштина ја забрани продажбата на масло за јадење увезено од Србија

Пазарната инспекција на Министерството за трговија, претприемништво и индустрија во Приштина му забрани на економскиот оператор да го продава маслото за јадење што го увезува од Србија и му наложи да го повлече производот од продажба во рок од 15 дена.

- Пазарната инспекција изврши проверка на количината и тежината на производите кај економските оператори. За да се отстранат сомнежите за тежината и количината на производот, мострите се испратени во лабораторија за релевантна анализа, по што е утврдено дека видот на маслото за јадење на пазарот не ги задоволува критериумите - се наведува во најава.

Во соопштението за медиумите се наведува дека верификацискиот извештај на Агенцијата за метрологија, односно лабораторијата за предпакување, утврди дека маслото за јадење произведено во Србија не ги исполнува критериумите на просечната количина пропишана со Регулативата 03/2020 за претходно пакувани производи.

Пазарната инспекција, како и во секој друг случај, презеде мерки согласно законите и на економскиот оператор, увозникот на ова масло, му се забранува да го продава тој производ, а потребно е да го повлече од пазарот во рок од 15 дена, додадено е во изјавата.

Привремените приштински власти велат дека пазарната инспекција континуирано врши проверки на терен со цел заштита на потрошувачите и тоа ќе продолжи и во наредните денови.

Екапија

Фото: Шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk