logo
logo
logo

Принуден брак во Хрватска: Продале девојче

Vecer | 26.10.2021

Принуден брак во Хрватска: Продале девојче

Властите во Хрватска покренаа истрага против четири лица осомничени дека договарале принуден брак за нивните деца.

Родителите на 14-годишното момче, 35-годишен маж и 30-годишна жена, дошле во куќата во која живеело 15-годишното девојче со нејзините родители во градот во Бродско-Посавинската жупанија, известуваат  локалните медиуми.

Според „Дневник.хр“, нивната намера била да се договорат за принуден брак на девојчето и момчето, но и за цената за која ќе ја купат идната сопруга. Таа се спротивстави на принудниот брак, но се соочи со закани дека ќе ја претепаат.

Родителите и покрај се го „продале“ девојчето. Родителите на момчето го заробиле девојчето. Тие се обвинети и за обид за нанесување тешка телесна повреда на дете кое давало отпор на принуден брак.

Сите четворица се осомничени за трговија со луѓе. Покрај тоа, родителите на момчето се осомничени дека го лишиле од слобода девојчето и во обидот му нанеле тешка телесна повреда, а таткото на девојчето за закани на дете.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk