logo
logo
logo

Примиле и втора доза, НО СЕПАК СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОРОНА?

Vecer | 15.03.2021

Примиле и втора доза, НО СЕПАК СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОРОНА?

Инфекцијата со корона вирусот по вакцинација со првата доза на вакцината не е невообичаена, но дури и ако ја добиете целата доза на вакцината и се заразите веднаш после тоа, не треба да бидете изненадени.

Како што објасни за ТВ Прва д-р Марија Гњатовиќ, соработник на Институтот за примена на нуклеарна енергија, на вакцината и треба време да започне да функционира..

- Комплетен имунитет после две дози вакцина Синофарм, која ја примија најголемиот број граѓани, се јавува по околу еден месец - вели Гњатовиќ.

- Знам дека има пријавено случаи на заразување на граѓани помеѓу примање на две дози или веднаш по примањето на втората доза, но засега нема информации дека има и такви кои се заразени меѓу пациентите кои се во кревет.

Таа посочува дека е очекувано да постои можност за инфекција доколку го „соберете“ вирусот неколку дена по втората доза.

- Квалитетот на вакцините не смее да се доведува во прашање поради тоа, но едноставно нема механизам што ќе ве заштити се додека не се развие имунолошкиот одговор по вакцинирањето - нагласува Гњатовиќ.

За оние кои ја примиле првата доза, а потоа се здобиле со оваа болест, се препорачува да се земе втората доза кога ќе се опорават.

Како што изјави епидемиологот д-р Предраг Кон за Телеграф, ако ви се случи тоа, треба да почекате еден месец од целосно закрепнување за да ја примите втората доза на вакцината.

На прашањето дали треба да се вакцинираат деца, д-р Гњатовиќ рече дека постојните вакцини допрва треба да се прилагодуваат на помладите возрасти.

- Со вакцините што се моментално достапни, не треба да се размислува за вакцинирање на деца, најважно е да се вакцинираат стари лица, така и нив ги штитиме - објаснува Гњатовиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk