logo
logo
logo

Четворица Срби ПРИМИЛЕ 2 РАЗЛИЧНИ ВАКЦИНИ - Што велат експертите

Vecer | 04.03.2021

Четворица Срби ПРИМИЛЕ 2 РАЗЛИЧНИ ВАКЦИНИ - Што велат експертите

Слаѓан Антиќ од Врање најпрво ја примил вакцината Фајзер, а потоа и вакцината Синофарм. Од институтот Батут велат дека тоа не е препорачливо, но и дека не може да доведе до несакани ефекти.

Тие посочија дека се случило во поединечни случаи, луѓето да се вакцинираат со еден вид вакцина и да се ревакцинираат со друг вид вакцина.

- Имајќи предвид дека ваквата состојба не е препорачлива, како и дека нема објавени трудови на оваа тема, побаравме мислење од наши надлежни органи од областа на имунологијата и вакцинологијата, кои со консензус зазедоа став дека ваквата состојба не може да доведе до несакани ефекти, велат од Батут.

Тие додаваат дека лицата добиваат заштита како да се вакцинирани со ист вид вакцина и дека не е потребно да се даваат дополнителни дози на вакцини од каков било вид.

Членот на кризниот штаб проф. Д-р Бранислав Тиодоровиќ изјави дека вакво нешто не смее да се повтори.

- Постапката е позната, постапката е јасна и таа мора да се спроведе до крај. Сите мора да бидат прашани пред да им се даде втората доза на вакцина. Не само увид во неговата документација, туку и да го прашат. А, ако не знае, нека се види од неговите документи - потенцираше Тиодоровиќ.

Неговиот колега од Кризниот штаб, епидемиологот Предраг Кон, рече дека тој апсолутно се согласува со него. Д-р Кон смета дека нема сериозна опасност за Антиќ.

- Тоа не требаше да се случи. Тоа е човечка грешка. Единственото прашање што треба да го постави лицето кое дава вакцина е „која вакцина сте ја примиле“. Искрено мислам дека нема сериозна опасност, но тоа не значи дека не треба да се следи состојбата. Скокот на шеќер во крвта може да биде поврзан и со вознемиреност за тоа што му се случило. Јас воопшто нема да го игнорирам она што му се случува - рече Кон.

Првата доза од вакцината тој ја примил на 28 јануари.

- Се по пропис, добив СМС да се појавам на ревакцинација. Отидов таму, ја предадов мојата картичка за вакцинација и чекав. Влегов во кабината три и разговарав со докторот таму. Во меѓувреме, доаѓа сестра, и ми даде вакцина и тоа е тоа – рече жителот на Врање.

Тој тврди дека се чувствува лошо, и дека има некакво неописливо чувство.

- Морав да одам во ПТО и луѓето беа изненадени таму, но ми дадоа терапија. Оттогаш имав чести реакции и, едноставно, не сум добро - објасни Антиќ.

Директорката на Здравствениот дом во Врање, д-р Љиљана Антиќ, изјави дека најверојатно се случило да влезе во погрешна кабина.

- Но, не треба да има никакви последици. Во таа насока, се консултиравме и со имунологот Срѓа Јанковиќ - рече таа.

Како што дознава Телеграф, Антиќ не е единствениот кој примил две дози различни вакцини. Се случиле уште три идентични случаи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk