logo
logo
logo

Премиерот на Црна Гора го вратил шефот на дипломатијата од посетата на Македонија

Vecer | 26.01.2022

Премиерот на Црна Гора го вратил шефот на дипломатијата од посетата на Македонија

Претходно, Радуловиќ застанал на страната на вицепремиерот Дритан Абазовиќ, чија партија Обединета реформска акција (УРА) одлучила да ја негира довербата на владата.

Шефот на црногорската дипломатија требало да се сретне со македонскиот државен врв во Скопје, но сите средби се откажани и тој морал да се врати од Скопје во Подгорица. Медиумите јавуваат дека Радуловиќ им се извинила на домаќините и ја оценил одлуката на премиерот како лична, непримерна и непрофесионална.

Вчера Кривокапиќ го обвинил Радуловиќ дека интензивно ја промовира малцинската влада за време на неговите дипломатски состаноци од септември минатата година. Денеска премиерот отпуштил и неколку владини функционери блиски до Абазовиќ.

На 4 февруари пратениците ќе и` изгласаат недоверба на владата на иницијатива на УРА на Абазаовиќ, опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Социјалдемократите (СД), Бошњачката партија (БС), Албанската листа и Албанската коалиција, Либералната партија (ЛП) и некои пратеници од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на  претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk