Премиерката на Србија јавно проговори за својата сексуална ориентација, но и за дискриминацијата

Во интервју за белградското прајд списание „Понос”, премиерката зборуваше за својата сексуална ориентација, но исто така и за дискриминацијата со која, вели таа, секојдневно се соочува. Ја има поддршката на своите најблиски, и се надева дека приказните за поделба на “геј” и “стрејт” нема да бидат табу.

Таа вели дека откога ја прифатила работата во владата на Србија, прво како министерка и потоа како премиерка, не и пречело тоа што нејзината сексуална ориентација ќе биде нешто за што луѓето ќе се „фатат”. Српската премиерка за прв пат јавно проговори за својата определба, дискриминација и партнерка.

Сепак, вели таа, навреди имало и таму каде што не очекувала. Имено од „т.н. демократска и европска елита” ги добила најголемите навреди и несоодветни коментари, меѓу кои се истакнува називот хомопремиерка или прашањата од типот „дали геј премиерките имаат некој посебен третман во затвор или на ист начин како и секој”. И овие овие коментари дојдоа од луѓе кои во минатото изгледаа како исклучително либерални, но вистинската вистина очигледно е многу поинаква – вели таа.

Премиерката, исто така, наведува дека трпи дискриминација и од политичките противници. Таа, исто така, вели дека ја нарекуваат хомопремиерка, како и тоа дека не знаат дали да и се обратат со господин или госпоѓа.

Според неа тоа што е некој “геј” или “стрејт” не е прашање на избор, „туку едноставно кој си”. – Како тоа што сте родени бел или црн не е прашање на избор – вели таа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари