logo
logo
logo

Совет на амбасадори

Прекројувањето на границите на Балканот би довело до ново крвопролевање со несогледливи последици

Vecer | 19.04.2021

Прекројувањето на границите на Балканот би довело до ново крвопролевање со несогледливи последици

Нон-пејперот претставува опасна игра која може да прерасне во „катастрофална лавина, што настанала од мала топка снег", се вели во реакцијата на Советот на амбасадори по повод нон-пејперот од Словенија во кој се заговара промена на границите на Балканот.

„По сѐ изгледа нон-пејперот сепак потекнува од пријателска Словенија и нејзиниот премиер, кои се исправени пред мајското преземање на претседателството со Европската Унија. Факт е дека се ставени на хартија клучни тези во вид на крајно опасна идеја, за која, како во позната филмска рашомонијада следеа разни спротивставени изјави.

Советот со големо изненадување и загриженост посочува кон фактот дека дел од балканските земји, сега полноправни членки на НАТО и кандидати за членство во ЕУ се наоѓаат на хартија, што проектира состојби кои не смеат и не можат да бидат решавани и решени во изолирани европски кругови и/или нечии кабинети. Оттаму, Советот високо ја цени брзата реакција на Стејт департментот, што потсетува на клучните договори, кои се веќе постигнати заради мир и соработка во балканскиот регион и кои треба да се спроведуваат во реалноста.

Советот стои цврсто на ставот дека етноцентризмот, националзмот и прекројувањето на границите би довело до ново крвопролевање со несогледливи последици кон целиот регион на Југоисточна Европа“, се вели во соопштението на Советот на амбасадори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk