logo
logo
logo

Предложено пописот во Црна Гора да се одржи во првата половина од ноември

Vecer | 08.02.2023

Предложено пописот во Црна Гора да се одржи во првата половина од ноември

Како што информираат од Владата за РТЦГ, датумот зависи од утрешната владина седница и дали ќе има некакви промени, но тие не се очекуваат. Со седницата на Владата ќе претседава премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ. На 12 декември минатата година Собранието со гласовите на пратениците од парламентарното мнозинство го донесе Законот за попис на населението.

Тројца пратеници беа против донесувањето на тој акт, а еден воздржан. Министерот за финансии Александар Дамјановиќ претходно изјави дека пописот на жителите, домаќинствата и становите може да се одржи најрано во мај следната година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk