logo
logo
logo

ПРЕДБРАЧНИ ДОГОВОРИ, се повеќе млади во Србија ги практикуваат

Vecer | 20.05.2022

ПРЕДБРАЧНИ ДОГОВОРИ, се повеќе млади во Србија ги практикуваат

Се случува еден од сопружниците да заработува многу, а другиот да троши. Нормално е дека стекнувачот сака да си го обезбеди имотот, вели адвокатката Тања Симовиќ на тема за предбрачните договори во Србија кои ги има се повеќе.

Откако попушти короната, во Србија започна со полн ек сезоната на венчавки, а со неа се засили и потпишувањето на брачните договори кои сега станаа апсолутен хит кај младите! Претходно во медиумите се пишуваше дека тенисерката Ана Ивановиќ потпишала предбрачен договор со Бастијан Швајнштајгер, како и со пејачката Александра Пријовиќ која е во брак со Филип Живојиновиќ. Тие не ги оспорија овие наводи.

Според последните податоци на Републичкиот завод за статистика за 2020 година, во Србија таа година биле склучени 23.599 бракови, а разведени се 8.687. Нема официјална статистика за бројот на предбрачни договори, а од Нотарската комора на Србија за Курир велат дека не се води евиденција.

Иако се стапува во брак со зборовите на матичарот дека имотот што се стекнува во бракот е заеднички, сепак има се повеќе луѓе кои одлучуваат да си го обезбедат тоа што ќе го стекнат во брак со потпишување на нотар, со што ги поништуваат зборовите на матичарот. Експертите се на мислење дека не е лошо да се размислува однапред во случај заедницата да пропадне.

Адвокатката Тања Симовиќ за Курир вели дека овој тренд е се повеќе застапен кај младите и дека, посочува, тоа го прават сите паметни луѓе.

- Паровите однапред се договараат како ќе се подели имотот доколку дојде до развод. Овој договор го склучуваат за во иднина, бидејќи не знаат што ги чека. Елементот за кој е склучен договорот е идниот имот или она што парот заедно го стекнува во брак. Она што е претходно стекнато или наследено не е предмет на поделба во случај на развод.

- Се случува едниот од сопружниците да заработува многу, а другиот да троши. Нормално е дека стекнувачот сака да си го обезбеди имотот - вели Симовиќ и додава дека постапката е многу едноставна:

- Парот кој сака да склучи предбрачен договор доаѓа кај адвокат, кој го составува договорот, а потоа одат кај нотар, каде што го заверуваат. Како што дознава Курир, цената на предбрачниот договор во Србија се движи од 300 до 1.500 евра, во зависност од вредностите кои се предмет на договорот. Нашиот соговорник посочува дека станува збор за паметна одлука, со оглед на тоа што, доколку дојде до развод, имотните спорови можат да траат со години.

Праксата покажа - Мажите најмногу бараат предбрачна врска

Адвокатката Тања Симовиќ за Курир изјави дека мажите се во водство во барањето предбрачни договори.

- Дефинитивно, како што покажа практиката, мажите се тие кои повеќе иницираат потпишување на предбрачни договори. Во нашето општество подобро заработуваат, подобро се платени и имаат подобри работни места, а често се и приватници. Тие се посветени на стекнување, додека жената дел од животот посветува на раѓање и одгледување деца, па мажите доаѓаат до заклучок дека ако аботат и стекнуваат повеќе, треба да потпишуваат и предбрачни договори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk