Ако во диалогот за Косово учествуваат САД, тогаш мора и Русија...

Прашањето за Косово ќе се решава со учество ѝ на Русија

За големи решенија мора да ја имате ЕУ и големите сили какошто се САД, Русија и Кина...

Србија работи на продолжување диалог Белград-Приштина во истиот формат, под закрила на ЕУ, но тој проблем неможе да се реши без големите сили, вели Вучиќ.

Одговарајќи на прашање на новинар после отварање на логистичкиот центар Лидл во Нова Пазува за можно учество на Москва во диалогот Белград и Приштина, претседателот на Србија вели дека Србија преговара под закрила на ЕУ.

"Ние преговараме под закрила на ЕУ. Што се однесува до нас во истиот формат, но ако некој мисли дека нешто такво важно може да заврши, а да во тоа не учествуваат САД и Русија, тоа не е реално", рекол Вичиќ.

Спрема неговите зборови, доколку во диалогот учествуваат САД тогаш мора и Русија која не го призна Косово.

"Ние сме подготвени за продолжување на разговорите, но за големи решенија, решенија кои треба да ја одбележат нашата иднина, со мир и компромис, за тоа мора да ја имате ЕУ и големите сили какошто се САД, Русија и Кина", рекол Вучиќ и додал дека за сето тоа разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, како и со рускиот амбасадор Чепурин и амбасадорот на САД во Србија Кајл Скот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари