Прашањето за името на дневен ред на средбата Ципрас – Меркел во Брисел

Прашањето за името на Македонија ќе биде на дневниот ред на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел што ќе се одржи денеска во Брисел во рамките на неформалната средба на 27-те земји членки на ЕУ, објави грчкото издание „Зунгла“.

Според весникот, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев Меркел изразила став дека „ситуацијата во Македонија е смирена во голем степен и дека земјата е навлезена во фаза на стабилизација. Се одбележува и дека по разговорот со Заев, германската канцеларка добила впечаток дека неговата Влада ја сели „амбициозната реформска програма“ и дека „полага напори за да ја реализира“.

Прашањето со името било една од темите и на телефонскиот разговор Ципрас – Меркел, што се случи еден ден пред посетата на премиерот Заев на Берлин и средбата со германската канцеларка, потвдија од кабинетот на Ципрас. Грчката телевизија Скај, повикувајќи се на свои извори, објави дека „Ципрас на Меркел и ја потенцирал потребата за конечно решение во спорот, со промена на уставното име на соседната земја“. Според истите извори, грчкиот премиер и германската канцеларка се договориле да се сретнат во петок во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари