logo
logo
logo

ПОЖАРИ ВО ЦРНА ГОРА - екипите на терен се борат со огнената стихија

Vecer | 29.07.2021

ПОЖАРИ ВО ЦРНА ГОРА - екипите на терен се борат со огнената стихија

Пожар избувна во популарната излетничка област Горица во Подгорица.

- На 27 јули 2021 година, во 11:19 часот, до Службата за заштита и спасување е испратена пријава дека има пожар во областа на ридот Горица. Со појавувањето на припадниците на Службата на лице место, утврдено е дека станува збор за пожар од големи размери - соопшти Службата за заштита и спасување.

- Со координирана акција на неколку тимови, и покрај ветрот што го отежнува гаснењето, припадниците на Службата успеаја да го стават пожарот под контрола во 12.17 часот. Исто така, заради превентивна инспекција, дадена е наредба за ангажирање на воздухопловната единица на Дирекцијата за заштита и спасување со цел евентуално утврдување на појава на нови пожари во споменатата област. Екипите се уште се на терен до понатамошно известување - се вели во соопшгението.

Во претходните сезони немаше големи пожари на ридот Горица, бидејќи по големиот пожар пред неколку години, оваа локација редовно се посетува во текот на летото, а има и противпожарна станица на самиот рид, наведува порталот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk