Пожар на грчки остров, евакуирани 70 туристи

Голем пожар избувна во боровите шуми на грчкиот остров Алонисос, на источното грчко крајбрежје, пришто беа евакуирани 70 туристи од хотел во близина на опожарената шума.

Седумнаесет пожарникари со два хеликоптери и четири возила се уште се борат целсоно да го изгаснат огнот.

Градоначалникот на островот за грчките медиуми изјави дека пожарот бил подметнат, а досега изгореле 50-60 хектари.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари