logo
logo
logo

Повторно силен земјотрес кај Петриње, се почуствувал во Загреб

Vecer | 24.07.2021

Повторно силен земјотрес кај Петриње, се почуствувал во Загреб

Повторно силен земјотрес кај Петриње, се почуствувал во Загреб

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер ја погоди денеска Хрватска. Како што соопштила Сеизмолошката служба на Република Хрватска епицентарот на потресот бил кај Петриње. Од Сеизмолошката служба наведено е дека силниот потрес се почуствувал во околината на Пертиње, Сисак и Глина.

Нешто порано, за потресот известил и Европско0медитеранско сеизмолошки центар (ЕМСЦ) кој јавил дека магнитудата изнесувала 4,3, а епицентарот бил близу Сисак.

Жителите од подрачјето на села Банија дека почуствувале пресење кое некои од нив и ги вознемирило.

Потресот спрема сведочење на корисниците на ЕМСЦ се почуствувал и во делови на БиХ, како и на поширокото загрепско подрачје, од каде што пристигнуваат за мало затредсување.

Засега нема информации дали овој потрес предизвикал било какви оштетувања во епицентралното подрачје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk