logo
logo
logo

Повторно ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА во Бугарија

Vecer | 16.09.2021

Повторно ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА во Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев повторно го назначи актуелниот премиер Стефан Јанев да раководи со привремената администрација до формирањето на нова влада, објави во четвртокот официјалниот државен весник.

Најсиромашната земја -членка на ЕУ ќе ги одржи своите трети парламентарни избори оваа година на 14 ноември, откако не успеа да формира влада по изборите во април и јули.

Радев, кој се кандидира за реизбор на претседателските избори, исто така закажани за 14 ноември, го распушти парламентот и повторно ги назначи повеќето привремени министри кои стапија на должност во мај по речиси деценија политичка доминација од поранешниот премиер на десниот центар Бојко Борисов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk