Градски автобус во Белград влета во детско игралиште во Земун, објавија српските медиуми. Според првите информации потврдени се пет повредени четири деца и еден возрасен.

Четири екипи на брза помош биле испратени на терен.

Наводно возачот изгубил контрола над автобусот од непозната причина и ја пробил оградата од детското игралиште.

Според информациите од терен, дошло до верижна реакција автобусот на автобусот со други автомобили.

Итната помош за медиумите соопштила дека се повредени 4 деца. Од кои едно пренесено во болница со приватен автомобил.

Повреден е и еден возрасен, а брзата помош го пренела во Земунската болница.