logo
logo
logo

ПОТВРДЕНО: Радоје Звицер е ликвидиран во Панама

Vecer | 30.09.2022

ПОТВРДЕНО: Радоје Звицер е ликвидиран во Панама

Лидерот на кавачкиот клан Радоје Звиcер вечерва нешто по 20 часот е убиен во Панама, потврдeно е за српски „Блиц“.

Како што дознава „Блиц“, за неговата ликвидација се информирани истражните органи на Србија. Сепак, според протоколот, официјални податоци треба да ги обезбеди Европол. Тој беше убиен во куќа во Панама.

Водачот на „Кавачки клан“ Радоје Звицер важи за еден од најголемите шверцери на кокаин во светот.

За прв пат се споменува во 2017 година

Неговото име за прв пат се појави во јавноста во декември 2017 година, кога на YouTube беше објавено 15-минутно видео со детални информации за „Кавачкиот клан“, водачот на оваа група и неговите членови.

Потоа беа откриени детали кои не беа спомнати во јавноста, а кои се однесуваат на криминалните активности на овој клан, како и имињата на земјите во кои дејствуваат и лажните идентитети кои ги користат.

Видеото за првпат ја открива информацијата дека Звицер, за кој се вели дека е водач на „кавачкиот клан“, користи туѓ идентитет и дека слободно патува низ Европа под името Јосип Бабиќ.

Шверц на кокаин и бегство

Водачот на „Кавачки“ клан, кој важи за еден од најголемите шверцери на кокаин во светот, уште во март не бил пронајден во неговата куќа во которската населба Кавачи.

Црногорската полиција упадна во неговата куќа на 28 март. Неговото бегство се совпадна и со откривањето на холандската полиција, која разоткривајќи ја дистрибуцијата на кокаин во скандинавските земји и следејќи ги рутите, дошла до „кавачи“ и планот за ликвидација.

Во таа прилика беше откриен планот за убиството на Милиќ Миња Шаковиќ од Подгорица, кој е осомничен дека учествувал во ликвидацијата на водачот на навивачот на Партизан, Александар Станковиќ, познат како Сале Мутави, кој додека бил жив му бил пријател и шеф на Веља Невоља.

Повеќекратни обиди за атентат

Против него беа направени неколку обиди за атентат. Звицер беше изрешетан минатата година среде бел ден додека џогирал во близина на неговиот стан во Киев.

Радоје Звицер е еден од највлијателните луѓе во подземјето во последните години. Тој, заедно со Слободан Кашчелан, беше назначен за водач на кавачкиот клан, кој е поврзан со трговија со дрога, убиства и многу други криминални дејствија.

https://vecer.mk/balkan/zastrelan-radoje-zvicer-panama/

Фото: МУП

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk