logo
logo
logo

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ! СПЛИТ ГО ИСПРАТИ МАТЕЈ ПЕРИШ... Шпалир од бродови, огномет и сирени...

Vecer | 23.05.2022

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ! СПЛИТ ГО ИСПРАТИ МАТЕЈ ПЕРИШ... Шпалир од бродови, огномет и сирени...

Матеј Периш денес е погребан во родниот Сплит во кругот на семејството, по желба на неговиот татко Ненад, а од 20:30 часот од настраданото момче се простија пријателите и сограѓаните.

Голем број луѓе се собрале на Ривата. Во чест на Матеј, кој бил скипер, направен е шпалир од бродови во близина на пристаништето за траекти. На бродовите гореле бакли, а се слушале и сирени во знак на последен поздрав. Околу 20 бродови и еден голем едреник запловиле во чест на Матеј.

 

Таткото на Матеј, Ненад, а кој се наоѓал на едреникот, уште еднаш им се заблагодарил на сите кои му помогнале и биле до него во пет месеци долгата потрага по неговиот син, која, за жал, заврши трагично.

„Ви благодарам на сите, покажавте големо срце“, рекол неутешниот Ненад.

 

Matej Periš

„Сакаме да го испратиме достоинствено, во надеж дека засекогаш ќе биде тука меѓу нас и ќе не гледа од некое поубаво и подобро место. Му благодариме што беше пријател каков што само можевме да посакаме. Никој од нас никогаш нема да го заборави“, рекол еден од пријателите на Матеј за хрватските медиуми.

Инаку, Матеј исчезна во Белград и тоа откако без никакво објаснување излегол од клубот во кој се забавувал со пријателите. Истрагата траеше точно 139 дена и беше завршена пред неколку дена, откако неговото тело исплива кај Ада Хуја, во Дунав.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk