logo
logo
logo

ПОСЛЕ ПОЖАРИТЕ, ВО ТУРЦИЈА СЕРИЈА ЗМЈОТРЕСИ: Се стравува дека има и жртви

Vecer | 03.08.2021

ПОСЛЕ ПОЖАРИТЕ, ВО ТУРЦИЈА СЕРИЈА ЗМЈОТРЕСИ: Се стравува дека има и жртви

Турција со денови има проблеми со пожари, а утрово два одвоени земјотреси го погодиле југозападниот брег на оваа земја.

Управата за справување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД) соопштила дека првиот земјотрес со јачина од 4,3 степени забележан е кај крајбрежниот град Ратча, во провинцијата Мугла, во 2 часот наутро по локално време на длабочина од 24,21 километар.

Вториот потрес, кој изнесувал 4,1 по Рихтеровата скала, забележан е во Егејско море во 02.56 по локално време на длабочина од 3,19 километри, а епицентарот бил на околу 45 километри од Датча, соопштил АФДА.

Како што се наведува, засега нема извештај за жртви и материјална штета од овие потреси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk