Улиците се претвориле во реки

Вода навлезе во станбена зграда во Анкара.

Обилните дождови направија хаос во Анкара, Турција, а турската метеоролошка служба издаде жолто предупредување за 27 провинции.

Сообраќајот во главниот град беше во застој, а улиците се претворија во реки.

Најинтересната сцена е видена во станбена зграда која се наоѓала веднаш до поплавениот пат. Во еден стан на 1 кат се влеала вода, а од прозорците излегоа порои од кал.