Порано беше обратно - Ученици претепле професорка, и никому ништо

Деновиве во Босна и Херцеговина е актуелна темата за професорката која што била брутално претепана и злоставувана од своите ученици.

„Во САД побегнав бегајќи од војната, мислев дека таму ќе бидам безбедна и дека војната конечно ја оставив зад себе", раскажува Аида Шехиќ, професорка во средно училиште во Њујорк, каде што нејзините ученици брутално ја злоставувале, често нарекувајќи ја „бела ку*ва".

Учениците ја навредувале, но не сопреле на тоа, туку и брутално ја претепале и се обиделе да ја силуваат. Таа со години злоставувањето го пријавувала во полиција, барала помош од училиштето и министерството, но сите ја игнорирале.

Згора на се, била казнета со 7,500 долари и добила опомена пред отказ поради „неадекватно водење на наставата". На крајот, таа вели дека не ѝ останало ништо освен да го тужи министерството за образование во американската сојузна држава Њујорк.

Според тужбата, Шехиќ во 1999-та година се вработила во средното училиште "JHS 143" на Менхетн, а во 2012-та година била префрлена во ново училиште во Северен Менхетн. Таму започнале нејзините проблеми.

Таа ги тужела надлежните и побарале да ја заштитат и да ѝ помогнат, но тие ја вратиле во училиштето каде што претходно работела, а злоставувањето од учениците продолжило. Според нејзиниот адвокат, таквата постапка на Министерството довела до тоа учениците да сфатат дека никој не ги штити професорите, па продолжиле да се изживуваат на нејзе.

„Беше ужасно, тоа беше отровно. Ова е полошо од војната затоа што овде морате да се борите против деца", раскажува таа.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари