logo
logo
logo

Вербален деликт и демократија?

“Понудив јас да ја платам казната, ДА НЕ ОДИ НОВИНАР ВО ЗАТВОР, но... “

Vecer | 01.04.2023

“Понудив јас да ја платам казната, ДА НЕ ОДИ НОВИНАР ВО ЗАТВОР, но... “

Главниот уредник на српскиот медиум Информер, Драган Вучиќевиќ, ќе оди во затвор 6 месеци поради објавено мислење напишано на Твитер. На 14 ноември 2019 година објавил три твита. Во нив напишл дека Југослав Ќосиќ, тогашен новинар и уредник на ТВ Н1, е „албански платеник кој прави валкани работи во Србија за крвави кеш“. И напишал дека дотичниот Ќосиќ е 'слуга на мафијашкиот октопод'.

Ќосиќ потоа поднел кривична пријава тврдејќи дека Вуќиќевиќ сторил кривично дело „продолжена навреда од член 170 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик“. Во судницата новинарот Вучиќевиќ документирал дека прозваниот Југослав Ќосиќ примил уплата од околуу 250.000 евра на сметка од Башким Уљај, контроверзен албаснки бизнисмен од Тирана кој од американските власти официјално е осомничен за перење пари, даночно затајување и трговија со дрога! До судот доставивил и банкарска документација која несомнено докажува дека фирмата на Башким уплатила на сметката на фирмата на Ќосиќ.

Судот пресудил дека Вучиќевиќ е виновен и му определил казна од 200.000 динари (околу 1.700 евра) или шест месеци затвор. Новинарот одбрал да не ја плати казната, и да оди во зтвор следните шест месеци, како акт на доказ за гонење на новинари поради вербален деликт со нивно казнување со затвор, што е одлика на авторитарните режими. Весникот и порталот Информер, патем, важат за провладини медиуми.

Одење на новинар во затвор поради вербален деликт секако не е добар сигнал за ниту една демократска држава, што секако го разбрал и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој денес се обрати до јавноста во врска со овој случај кажа дека лично му понудил на Вучиќевиќ тој, Вучиќ, да даде пари казната да се плати а новинарот да не оди во затвор, но бил одбиен.

“- Синоќа му се јавив на телефон на Вучиќевиќ и од него слушнав дека е решен да го изрази својот протест на таков начин што ќе оди во затвор... Го замолив да не го прави тоа, но тој е цврст во својата одлука - рече шефот на државата, кој нагласи дека не може и не смее да се меша во работата на судовите, но дека има доволно нелогични и чудни одлуки.

- Не можам да ги критикувам ад пероснам судиите бидејќи на тој начин би ги уништил институциите на Република Србија. Има многу случаи на промоција, бидејќи многумина (меѓу судиите) мислат дека се, како што се вели, евергрини, а ние политичарите сме листопадни, па тогаш се залагаат за некоја навидум нова идна власт... И, секако, тука има и огромно влијание од странците, затоа што лесно ќе видите како некои медиумски куќи никако не се судени за вина, што и да кажат, а оние за кои се вели дека наводно контролираат се, добиваат најстроги казни - рече претседателот и посочи дека се надева дека некако ќе надминат се.

- Ова е лошо за државата, што главниот уредник на најтиражниот весник оди во затвор. Го молев Вучиќевиќ синоќа да не го прави тоа, му реков дека не е проблем, ќе платам, за мене тоа е една моја плаѕта, но тој цврсто реши да се избори за своите принципи и да покаже колку многу работи се бесмислени во судовите“ изјави српскиот претседател Вучиќ во врска со овој скандал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk