logo
logo
logo

Полицијата ја објави реконструкцијата на масакрот во Цетиње: Ранет сум, нема да преживеам

Vecer | 15.08.2022

Полицијата ја објави реконструкцијата на масакрот во Цетиње: Ранет сум, нема да преживеам

Меѓу другото наведуваат дека за време на злосторството остварил три телефонски јавувања.

„Го убив и твоето и моето“, според пишувањата на медиумите, Вук Бориловиќ наводно му се обратил на Милош Мартиновиќ,откако му го убил неговото семејство, пренесува Блиц.

„Врз основа на досега извршените истражни дејствија, вклучително и изјавите, односно прибраните информации, произлегува дека околу 15.30 часот В.Б.(34) имал телефонски разговор со друго лице чиј идентитет нема да го откриеме моментално, заради заштита на жртвите и сведоците, а на кои, меѓу другото, информирал дека во неговата куќа ги одзел животите на семејството кое живеело со него, односно на две малолетни деца.“ се наведува во соопштението.

Врз основа на неофицијални информации кои протекоа во медиумите, времето и описот на овој повик се совпаѓаат со повикот што убиецот го упатил до Милош Мартиновиќ.

Во медиумите е објавено и дека еден од трите повици бил упатен до познаник на кој му рекол дека е тешко ранет и дека најверојатно нема да преживее.

„Досегашните преземени мерки и дејствија укажуваат дека еден од испуканите куршуми од страна на полициски службеници го погодил В.Б и во таа прилика тешко го ранил. По наизменичното користење огнено оружје од страна на полициски службеници и В.Б., според нивните изјави и пријави, во еден момент немало повеќе употреба на оружје од страна на В.Б.“, се наведува во соопштението.

Понатаму се наведува дека споменатиот повик убиецот потоа го упатил на познаник чиј идентитет не се открива и му рекол дека „нема да преживее“.

„Тоа го потврдува и изјавата на сведокот кој телефонски разговарал со В.Б., околу 15.50 часот, односно дваесетина минути по претходниот телефонски разговор што го имал В.Б. Според изјавата на сведокот, во овој телефонски разговор во 15 часот и 50 минути В.Б изјавил дека им ги одзел животите на поголем број лица и дека е тешко ранет и дека мисли дека нема да преживее“, се потврдува во полициското соопштение.

Управата на црногорската полиција извести и дека Вук Бориловиќ повторно телефонирал за време на масакрот во Цетиње, односно наводно пред да му се јави на Милош Мартиновиќ. Полицијата не ја прецизира неговата содржина, ниту до кого било адресирано ова јавување. Надлежните, наводно, од безбедносни причини не сакаат да соопштат со кого разговарал Бориловиќ.

„На овој разговор (со Милош Мартиновиќ) му претходеше друг разговор за содржината и идентитетот на лицата, засега од истите причини (безбедносни) нема да се изјаснуваме, но кои ги потврдуваат претходните наводи (дека го одзел животот на семејството кое живеело со него)“, се наведува во соопштението.

„Во интерес на јавноста, укажуваме дека врз основа на прибраните информации, постојат индиции, врз основа на изјави на лица од непосредната околина на В.Б., кои укажувале на промени во неговото однесување, но не и на потенцијално извршување на ваквото кривично дело, а по тој повод бил закажан специјалистички преглед на В.Б.

Исто така, нагласуваме дека нема сознанија, ниту пак е пријавено во полиција дека имало претходни конфликти, ниту пак некој претходен напад во последниот период од страна на В.Б. на семејството на закупецот. Во иста смисла, извршувањето на ова тешко кривично дело не треба причински да се поврзува со никакво незаконско однесување од претходниот период“, наведуваат од полицијата.

„Многу е важно, особено во контекст на бројните неодговорни коментари, соопштенија, комуникации и однесување, да се спречат какви било причини за натамошни конфликти меѓу семејствата, а особено во рамките на негативните обичаи кои треба да се искоренат на територијата на Црна Гора.“ се наведува во полициската апел..

Да потсетиме, Вук Бориловиќ во петокот уби 10 сограѓани и рани шест од нив пред самиот да биде убиен. Тој по случаен избор пукал во станари, познаници, потоа во екипата на Итната медицинска помош и припадниците на полицијата кои дошле на местото на пукањето, како и случајни минувачи.

Се уште се чека извештајот од обдукцијата, кој ќе покаже кој точно пукал во Вук Бориловиќ. Според засега непотврдени информации, тој бил убиен од неговиот сограѓанин Ненад Нено Калуѓеровиќ откако претходно полицијата го ранила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk