logo
logo
logo

Полицајци на велосипеди се грижат за безбедноста на туристите во Албанија

Vecer | 03.07.2022

Полицајци на велосипеди се грижат за безбедноста на туристите во Албанија

Полицајци на велосипеди почнаа да патролираат долж албанското крајбрежје и се грижат за безбедноста на годишноодоморците.

Ова е многу ефикасен начин да се биде блиску до туристите на кои можеби им треба помош. Со ова ќе се подобри ефикасноста во извршувањето на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци. Полицајците-велосипедисти се во патрола и во готовност 24/7, соопшти полицијата.

Според истиот извор во сите туристички места зголемено е и присуството на полициските службници од сите сектори.

Во напорите за што побезбедна туристичка сезона, долж крајбрежјето и во најфреквентните туристички места во земјата, во функција се ставени и 29 летни здравствени центри, што ќе даваат 24 – часовна услуга, а за таа цел се ангажирани 160 лекари и медицински сестри, обучени за итни случаи.

На располагање на туристите им е и бесплатната телефонска линија 127, на Националната итна помош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk