logo
logo
logo

Погледнете ги снимките ОД ХАОСОТ ВО ЉУБЉАНА: Фрчеа пиротехнички средства, солзавец и водени топови

Vecer | 16.09.2021

Погледнете ги снимките ОД ХАОСОТ ВО ЉУБЉАНА: Фрчеа пиротехнички средства, солзавец и водени топови

Иако организаторите повикаа на мирен протест, вистински хаос избувна на улиците воЉубљана во средата вечерта за време на протестот против мерките за корона. Дел од демонстрантите запалија бакљи и почнаа да ги фрлаат кон зградата на парламентот, додека други пукаа кон полицајците со разни предмети.

[embed]https://youtu.be/RH-jnbjf7Jk[/embed]

Според полициските проценки, на плоштадот Република се собраа околу 8.000 луѓе. Малку по 20 часот, полицијата фрлаше солзавец кон демонстрантите за да се оддалечат од зградата на парламентот, но подоцна некои се вратија и почнаа да фрлаат со пиротехнички средства. Полицијата одговори со водени топови.

[embed]https://youtu.be/We5sDeWd7rw[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk