logo
logo
logo

По влезот во ЕУ, ОД БУГАРИЈА СЕ ИСЕЛИЛЕ 850.000 БУГАРИ, за 10 години

Vecer | 06.01.2022

По влезот во ЕУ, ОД БУГАРИЈА СЕ ИСЕЛИЛЕ 850.000 БУГАРИ, за 10 години

Во Бугарија живеат 6,5 милиони луѓе, за десет години населението се намалило за речиси милион.

Во 1992 година, 24% од населението биле на возраст под 17 години, а 14% биле постари лица на возраст над 65 години. Сега, во 2021 година, ситуацијат е спротивна…

Иако до март нема да има официјални податоци од пописот 2021-ва, официјални податоци за населението и за станбениот фонд, во оваа фаза покажуваат дека во Бугарија живеат 6.520.314 лица.

Во Софија живеат 1,5 милиони луѓе, а во најмалата област – Видин има 74.000 жители. Во периодот 2011 до 2021 година, е забележано е најголемо намалување на популацијата – 840.000 луѓе или 11,5%.

Најголем дел од ова губење на популацијата – 53%, се должи на негативните демографски движења – поголема смртност, помал наталитет.

Остатокот се должи на надворешната миграција – трендот повеќе луѓе кои ја напуштаат земјата и кои не се враќаат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk