ПО ПЕТ ГОДИНИ ВО ГЕРМАНИЈА: Заработува 2000 евра, но сака да се врати назад

Научил јазик, од обичен помошен работник во ресторан станал шеф, а станот од 15 квадрати го заменил со дом каде живее четиричлено семејство.

За Роман Леки од Хрватска кој веќе пет години е во Германија, работите многу се промениле, пишуваат хрватските медиуми.

„Ма мачи носталгија и често во главата ми е враќањето назад. Но, не жалам што дојдов, стекнав искуство и се осамостоив. Но, мојот дом е Хрватска, а овде нема кој да ми ги чува децата и често сум под стрес. И моите живеат за тоа да се вратам. Татко ми има кафуле и јас треба да го преземам. Би сакал тоа да биде најдоцна за 4 години"- вели тој.

На местото каде тој работи бил прв Хрват, но за две години дошле уште осум луѓе од Хрватска.

Повеќето од нив како Роман, прво си ја пробале среќата на море, а тој на море како сезонски работник работел две лета.

Иако поседувал факултетска диплома работел за мала плата во матичната земја.

Првите пет месеци во Германија почнал да заработува по 600 евра месечно. Потоа платата растела.

Сепак, овој Хрват вели дека не сите луѓе имале шанса да се снајдат во Германија и по неколку месеци многу од нив се вратиле дома.

Поврзани

Најнови вести

Коментари