Луан, Нура и Љуљзим Хасанај на рочиште во Вишиот суд во Подгорица се осудени на по 40 години затвор за убиството на полицаецот Милутин Лековиќ.

Според обвинението, Хасанај на 15 декември 2019 година со истрел од пиштол „ЦЗ“ го убил дежурниот полицаец Милутин Лековиќ додека бил во полициско возило „Дачија Дастер“ во Игало.

Потоа, како што стои во обвинението, тој го вперил пиштолот кон полицаецот Александар Килибарда, со намера да му го одземе животот. Тогаш пиштолот се заглавил.

Лековиќ и Килибарда тој ден ги привеLE Луан, Љуљзим и Нуре Хасанај бидејќи немале лични документи со себе.