logo
logo
logo

Плажите во Грција се отвораат, ама НИШТО нема да биде ИСТО: КАПЕЊЕ И СОНЧАЊЕ ВО ТИШИНА!

Vecer | 30.04.2021

Плажите во Грција се отвораат, ама НИШТО нема да биде ИСТО: КАПЕЊЕ И СОНЧАЊЕ ВО ТИШИНА!

Само еден ден по отворањето на копнените граници за туристите, меѓу кои ќе бидат и Македонците, во Грција на 15 мај ќе се отворат и плажите и угостителските објекти. Но однесувањето на нив нема да биде како досега, односно важат нови правила.

Како што соопшти генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачите Панајотис Стамбулидис за грчката телевизија ЕРТ, вработените ќе мора да ги почитуваат мерките – одржување на далечина и носење маски.

Угостителските објекти ќе немаат право да пуштаат музика, а истото важи и за баровите и рестораните што се отвораат во Грција на 3 мај.

Оваа мерка, објасни Стамбулидис, е воведена затоа што експертите процениле дека бучавата го поттикнува кревањето на гласот, што доведува до ширење на капките низ воздухот и го намалува растојанието помеѓу соговорниците а тоа доведува до намалена безбедност во заштита од коронавирус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk