Како што дознава Дневни аваз, осомничените изнајмиле неколку станови на самиот врв на оваа зграда.

Аваз од извори блиски до полицијата дознава дека се уапсени Душан Јовановиќ Гиба и Дарко Дуловиќ. Тие биле уапсени од страна на МУП на КС со помош на ОСА која ги лоцирала и разоткрила. Јовановиќ се поврзува со кланот на Веља Невоља, со вистинско име Вељко Беливук, но и со Дарко Шариќ.

Бојан Хрватин, сведок во постапката против кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кои се обвинети за најтешки кривични дела, при сведочењето во март годинава изнесе низа детали за убиството на двајца припадници на кланот Шкаљари на Крф. Алан Кожар и Дамир Хаџиќ биле убиени во 2020 година на Крф, а Хрватин тврди дека меѓу џелатите бил и Душан Јовановиќ познат како Гиба од Карабурма, чиј брат Вук бил ранет во убод со нож пред зградата во која живеел.

Медиумите во Србија во ноември минатата година објавија дека Душан Јовановиќ го планирал атентатот на Веселин Милиќ, началникот на белградската полиција, а се открило преку пораки на Скајп. Душан Јовановиќ, познат како Гиба, се поврзува со водачот на криминална група и неговиот соработник Дарио Ѓорѓевиќ Декстер. Го поврзуваат и со Дарко Сариќ.

Уапсен е и Дарко Дуловиќ. Летово, Апелациониот суд во Белград ја потврди пресудата на Вишиот суд и го ослободи Дарко Дуловиќ од обвинението за помагање во тешко убиство на Синиша Милиќ Боскет, за кој се сметаше дека е близок соработник на Лука Бојовиќ. Освен Србија, по овие лица трагаат и други држави. Се утврдува што правеле и кого планирале да ликвидираат.