logo
logo
logo

План во 9 точки на Бујар Османи за нормализација на ситуацијата на Косово

Vecer | 04.06.2023

План во 9 точки на Бујар Османи за нормализација на ситуацијата на Косово

Првата точка од планот на Бујар Османи во својство на претседавач на ОБСЕ за деескалација и нормализација на тензиите меѓу Србија и Косово, предвидува двете земји да ја рефирмираат посветеноста кон основниот  договор и Охридскиот прокол. Потоа, Косово да ги повлече специјалните полицски сили, а Србија да ја намали борбената готовност. За редот и безбедноста на Косово да се грижи тамошната полиција заедно со силите на КФОР и ЕУЛЕКС. Се предлага протестите да се откажат, општинските услуги да се стават во функција и  да им се дозволи на вработените пристап во општините. Клучните точки се градоначалниците да поднесат оставки до летото за да може предвремените општински изори да се одржат до крајот на годинава. За да се зајакне довербата меѓу заедниците изборниот процес да го поддржи ОБСЕ, со ставање на сите свои капацитети и ангажирање на во програмите за помирување.

Клучно за разрешувањето на состојбите на северот на Косово, според политичкиот аналитичар Благојче Атансовски ќе биде американската надворешна политика и притисокот. 

„ Сите изјави условно кажано од високите етничко албански функционери на Балканот, вклучително ако го ставиме и во контекст министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, кој е етнички Албанец, збориме и премиерот на Албанија одат во насока на критика на политката на премиерот Албин Курти веројатно да се изврши дополнителен притисок врз него дека води политка која може едноставно да го разгори буре барутот на северот на Косово кога во моментот се уште беснее руската агресија врз Украина.“

Засега ситуацијата на терен е статус кво, а конкретни чекори се очекува да бидат договорени веќе утре и задутре, кога Приштина и Белград ќе ги посетат специјалните престтавници на ЕУ и САД, Лајчак и Ескобар... Американскиот дипломат во изјава за Би-Би-Си кажа дека ескалацијата на северот на Косово можела да се избегне и делумно е резултат на неподготвеноста на официјална Приштина да ја слуша Меѓународната заедница..

Во пресрет на посетата, министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека не е целосно оптимист дека ситуацијата на Косово ќе се реши, но вели добро е да се разговара.

„ Секој разговор е значаен. Ќе видиме како Екобар и Лајчак го гледаат излезот од оваа ситуација.  Јас не верувам дека Курти ќе сака да го намали бројот на припадници на специјалната полициска единица на северот на Косово. “

Косовскиот премиер Курти вчера рече дека не ја оспорува неопходноста од одржување на нови избори на северот на Косово, но Вучиќ кажа дека останува непознато дали Србите би учествувале на истите доколку Приштина не ја реализира обврската за формирање на Заедница на српски општини..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk