logo
logo
logo

Пијан Хрват паднал на железнички шини во Германија и останал да лежи - Машиновозачот спречил трагедија

Vecer | 27.06.2022

Пијан Хрват паднал на железнички шини во Германија и останал да лежи - Машиновозачот спречил трагедија

Околу 21.30 часот, германскиот Контролен центар за вонредни состојби извести дека имало итно запирање во областа Пулинг, област Фрајзинг, поради лице на шините.

Со увид на лице место е утврдено дека 31-годишниот пијан Хрват додека ги минувал шините паднал, а потоа останал да лежи во пределот на пругата. Машиновозачот RE 4866 (Минхен - Нирнберг) кој се приближувал навреме забележал маж како лежи на шините и навреме го запрел возот тежок неколку тони, пренесува Феникс.

Во возот имало околу 100 патници кои не се повредени поради итното запирање. Машиновозачот доживеа шок и мораше да биде згрижен и заменет.

Регионален експресен воз (RE 4083) кој сообраќа на спротивните шини, исто така, бил известен за маж кој живее во Рајхертсхаузен, област Пфафенхофен. Машиновозачот на вториот воз навреме го запрел возот без нагло сопирање. Видно алкохолизираниот Хрват одбил доброволен алкотест. Состојбата значително се одрази на железничкиот сообраќај. Федералната полиција го истражува 31-годишниот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk