logo
logo
logo

Петков денеска поднесе оставка, но не отиде на консултации кај Радев за новиот мандат

Vecer | 27.06.2022

Петков денеска поднесе оставка, но не отиде на консултации кај Радев за новиот мандат

Сепак, плановите на Радев не тргнаа како што очекуваше тој, откако од партијата на Петков не се појавија на закажана средба напладне, а своето присуство го откажаа и довчерашните коалицски партнери на Петков - бугарските социјалисти.

Од неговата „Продолжуваме со промената“, отсуството го оправдаа со неодложни обврски, во случајов, со разгледување на буџетот во собранието.

Тоа значи, дека мандатот за составување на мнозинство, партијата на Петков би го примила најрано во четврток, што ги отвора прашањето дали се работи за купување време во обидот да обезбедат 121 пратеник.

Според процедурите, Радев мандатот треба да го додели на најголемата пратеничка група во парламентот, Продолжуваме со Промената од каде претходно истакнаа дека за премиер повторно ќе го предложат Петков. Доколку тие не успеат да обезбедат мнозинство за една недела, мандатот оди кај втората најбројна партија ГЕРБ, од каде на денешната средба кажаа дека доколку го добијат мандатот истиот експресно ќе биде вратен.

За третиот, финален обид Радев избира на која партија ќе го додели мандатот. Доколку сите обиди се неуспешни, се назначува преодна Влада, Собранието се распушта и се распишуваат предвремени избори.

Инаку, на спроведена анкета на Галуп Интернешанл во соседна Бугарија на прашањето која партија би требало да го добие мандатот за формирање на нова Влада, 40,3% сметаат дека тоа треба да биде партијата на Петков, 18,2% ГЕРБ на Бојко Борисов а помалку од 10% сметаат дека мандатот треба да оди кај трета опција.

 На прашање за францускиот предлог пак, 59,5 отсто од анкетираните Бугари сметаат дека со предлогот не се земени предвид интересите на Бугарија, 25 проценти оцениле дека тој „во доволен степен ги има предвид“ бугарските интереси, додека останатите немаат став.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk