logo
logo
logo

Петков: Бугарскиот парламент донесе историска одлука

Vecer | 24.06.2022

Петков: Бугарскиот парламент донесе историска одлука

– Интеграцијата на Западен Балкан е од стратешки интерес за Европската унија, наведува Петков во објавата по изгласниот документ во Народното собрание на Бугарија со кој се одобрува францускиот предлог за Македонија.

Според усвоената одлука, Парламентот и дава право на Владата во оставка на Петков да ги одобри преговарачка рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на односите меѓу Бугарија и Македонија, ако се исполнети неколку услови.

– Ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, гаранција за правата на Бугарите во Република Македонија преку нивното вметнување во Уставот, ништо во пристапниот процес на РСМ да не биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, и гаранции од ЕУ дека сето ова ќе биде исполнето, се условите што ги поставува Софија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk