logo
logo
logo

ПЕРФОРМАНС: Пулски уметник и белградска изведувачка ЦЕЛ ДЕН стоеја прегрнати во центарот на Белград

Vecer | 07.12.2021

ПЕРФОРМАНС: Пулски уметник и белградска изведувачка ЦЕЛ ДЕН стоеја прегрнати во центарот на Белград

Пулскиот уметник Игор Занзеровиќ и белградската изведувачка Наташа Милојевиќ се прегрнаа во неделата и не се разделија 23 часа и 59 минути. Прегратката започна во неделата во 14:15 часот.

Сето тоа е дел од изведбата наречена Студија на една прегратка.

- Контактираа пет девојки и прашаа која сака да учествува. Се согласивме само јас и уште една девојка. За жал, таа мораше да замине, па останав само јас - вели Наташа за Индекс.

- Идејата за ова е надеж. Надежта дека се што е темно може да исчезне и дека може доброто да трае. Мојата работа во последните 10 години беше прилично темна и црна. Ми требаше светла точка, нешто што дава надеж дека нешто може да се промени – додаде таа.

- Ова не е секојдневна акција. Бевме нахранети од пријатели. Ни донесоа чоколади, а сонот ќе го надополниме во следните 12 часа - изјави Зензеровиќ.

Луѓето кои проаѓаа тука сфатија дека тоа е изведба. Некои дури и фотографираа. И покрај студеното време и потребите како храна, тие не се разделија цела ноќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk