Србија

Педијатритe загрижени поради намалената стапка на вакцинирани деца

Педијатарите во Србија се загрижени за намалување на стапките на деца кои треба задолжително да се вакцинираат, и ги повикаа сите надлежни државни органи да пристапат во изготвувањето национален акционен план за сузбивање на влијанието на пропагандата против вакцините

Педијатарите во Србија се загрижени за намалување на стапките на деца кои треба задолжително да се вакцинираат, и ги повикаа сите надлежни државни органи да пристапат во изготвувањето национален акционен план за сузбивање на влијанието на пропагандата против вакцините.

Педијатриските денови во Србија се одржаа од 5 до 7 октомври 2017 година во Ниш, а на состанокот беше усвоена „Изјава на педијатри на Србија за вакцинација на деца", во која се истакнува подготвеноста на педијатрите да се вклучат во промовирањето на вакцинацијата, јавуваат денеска српски медиуми.

Педијатарите на Србија ја повикаа власта да пристапи кон изготвување национален акционен план за борба против активностите и влијанијата на дејствувањето на оние кои се против вакцините.

Тие, исто така, упатија апел до медиумите објективно да информираат за придобивките и позитивните ефекти од вакцинацијата, притоа да се избегнуваат сензационализмот, непроверените информации и пласирање ставови против вакцинирање.

- За жал, еден навистина, многу мал број лекари подлегнаа на пропагандата против вакцинацијата, а неколку лекари, меѓу кои и некои истакнати педијатри и факултетски професори, јавно искажуваа ставови против вакцините. Некои педијатри покажуваат колеблив, неопределен или „неутрален" став со што, објективно ги поддржуваат оние кои се против вакцинацијата и оние родители кои се против имунизација или се за нејзино неразумно одложување, се вели во соопштението.

Поврзани

Најнови вести

Коментари