Павлопулос: Промена на Уставот е предуслов за решение

Промена на Уставот е предуслов за решение, но и обврска кон владеењето на правото, затоа што Меѓународен договор без уставни измени носи и одговорност за премиерот на соседната земја. Ова е ставот на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос кој го изнесе на средба со претседателката на Естонија, Керсти Калјулајд. Тој вели дека е потребен договор за името со конкретни гаранции што ќе го елиминираат иредентизмот, бидејќи „Грција не може да толерира да постојат иредентистички тензии и прекршување на историјата“. Но, најважно за Атина е уставната промена.

„Нашата соседна земја треба да го смени Уставот, нејзиниот Устав денес содржи име кое, како што е познато, не е прифатено. Тоа треба да се смени. Оваа промена на Уставот е основен предуслов и знаете зошто е основен предуслов? Затоа што, ние државите членки на ЕУ и на НАТО, сме демократски држави што го почитуваме владеењето на правото. Како да толерираме една држава и нејзиниот премиер да потпише договор и да го ратификуваме овој договор, што е спротивен на Уставот? Каков пример ќе дадеме? Кон што го туркаме овој премиер? Да склучи Меѓународни договори што го прекршуваат самиот Устав и самиот ќе има одговорност“, изјави грчкиот претседател на средбата со неговата колешка од Естонија, која е во дводневна посета на Грција.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари