Партијата на Ердоган бара на осомничените за убиство на Кашоги да им се суди во  Турција

Омер Челик, портпарол на турската Партија за правда и развој на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, денеска предложи на осомничените за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги да им се суди во Турција пред.

Ваквото барање според него е со цел да би можеле меѓународните групи за заштита на човековите права да го надгледуваат судењето.

Турските власти веќе го подготвија барање за екстрадиција на 18-те осомничени кои беа притворени во Саудиска Арабија, вклучително и тим од 15 мажи кои пристигнаа во Истанбул непосредно пред убиството што ги извршија, објави Ројтерс.

Кашоги кој беше дописник на „Вашинготн пост“ на 2 октомври влезе во саудискиот конзулат во Истанбул за да подигне документи кои му беа потребни за неговата свадба, меѓутоа тој никогаш не излезе од конзулатот. По меѓусебни обвинувања на релација Турција-Саудиска Арабија, и по мешународниот притисок, официјален Ријад соопшти дека резултатите од нивната истрага покажуваат дека Кашоги бил убиен во конзулатот за време на караница со сега осомничените лица.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари