logo
logo
logo

Партијата на Борисов ќе бира ново раководство, но не и нов претседател

Vecer | 08.04.2021

Партијата на Борисов ќе бира ново раководство, но не и нов претседател

Националното собрание на бугарската политичка партија ГЕРБ на Бојко Борисов ќе избере ново раководство на 11 мај, пренесува бугарското издание „24 часа“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на дневниот ред на состанокот се предвидува разрешување на заменик-претседателите на ГЕРБ и избор на нов Извршен комитет, но според информациите, не е предвиден избор на нов претседател.

Претходно денес, лидерот на ГЕРБ и бугарски премиер Бојко Борисов по посетата на Рилскиот манастир објави дека поднел барање со кое одбива да биде член на парламентот во новоизбраниот бугарски парламент.

На изборите што се одржаа во недела владејачката коалиција ГЕРБ-СДС предводена од премиерот на Бугарија Бојко Борисов доби 26,18 отсто од гласовите, а партијата на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов „Има таков народ“ 17,66 проценти од гласовите.

Изборите во Бугарија донесоа нејасна слика на тамошната политичка сцена која не ветува брзо формирање влада. Се очекува следната недела ГЕРБ да го добие мандатот за состав на влада, по што мандатот веројатно ќе и биде предадена на второпласираната партија, предводена од Трифонов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk