logo
logo
logo

Паника и евакуација на хрватски судови и шопинг центри поради дојави за бомба

Vecer | 05.12.2022

Паника и евакуација на хрватски судови и шопинг центри поради дојави за бомба

Претседателот на врховниот суд изјавил дека судот ја примил дојавата за бомба додека траел состанокот со делегација на украинскиот врховен суд. 

Како што јави ХРТ, од владата рекле дека не добиле никакви закани. Дојави за бомби пристигнале и на адреса на неколку трговски центри. Зградите на судовите биле евакуирани утринава непосредно по пристигнувањето на анонимните закани , а како што изјавиле од хрватското МВР закани пристигнале на подрачјето на 18 до 20 полициски станици и тоа  во краток временски интервал. Според официјални лица во заканите пишувало –зградите ќе се урнат, немојте ова да го игнорирате, поставена е бомба.

Засега никаде не биле пронајдени експлозивни направи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk