Од Основното јавно обвинителство во Панчево го потврдија настанот. Постои сомневање дека таткото (51) со остар предмет, највероватно нож, ги убил сопругата (50) и детето (9), по што се самоубил. Станува збор за руски државјани.

Семејството се преселило во Панчево во август минатата година и имале соодветни дозволи за престој и визи.

– Нивни пријатели, исто така руски државјани, пријавиле во полиција дека не им се јавуваат, по што полицијата и пожарникарите насилно влегле во станот, наведе извор запознаен со истрагата.

Досега немало јавувања од тоа семејство и од соседите поради расправија и врева.

– Од станодавецот дознавме дека по професија биле доктори и дека сопругата неодамна се пожалила дека нејзиниот сопруг е во депресија, но дека никогаш не правеле проблеми и дека биле нормално семејство, објави РТС.

Наредена е и анализа на телесното ткиво за присуство на наркотични дроги, алкохол и лекови на база на седативи, а се прибираат и други докази потребни за утврдување на сите околности на настанот, соопштија од Обвинителството.