logo
logo
logo

Панајотов: Во интерес на САД е да нема проблеми меѓу Бугарија и Македонија

Vecer | 27.06.2022

Панајотов: Во интерес на САД е да нема проблеми меѓу Бугарија и Македонија

 Тој за БНТ изјави дека се уште нема реакција во САД на одлуката што ја донесе бугарскиот Парламент минатата недела, во врска со укинувањето на ветото за членство на Република  Македонија во ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Панајотов, не може да се зборува за притисок за одлука од САД. Нема притисок, дециден беше тој, велејќи дека минатата недела имал разговори со Стејт департментот, како и со американски пратеници и конгресмени.

-Притисок дефинитивно нема, но во интерес на САД е да нема сличен проблем меѓу Бугарија и Република  Македонија, но притисок немаше, изјави Георги Панајотов.

Тој најави дека за неколку дена ќе почне изградбата на првиот ловец Ф-16 за Бугарија во САД.

Американскиот претседател Џо Бајден пред неколку дена и официјално ги прими акредитивните писма на новиот бугарски амбасадор во Вашингтон. Пајотов изјави дека Бајден во разговорот им рекол дека Бугарија и САД се пријатели, сојузници и стратешки партнери.

Според Панајотов, Бугарија може да добие многу од продлабочувањето на односите со САД, кои се лидер на слободниот свет и столб на демократијата, светски шампион во технологија, најбогата земја со единствени воени способности, огромен пазар за стоки и услуги. -Модернизацијата и просперитетот на Бугарија бараат блиска соработка со САД и јас ќе работам за тоа, вели Панајотов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk