Пахор: Западен Балкан мора да биде атрактивен за ЕУ

Земјите од Западен Балкан треба да работат на тоа да станат поатрактивни за Европската Унија, изјави денеска словенечкиот претседател, Борут Пахор.

Тој рече дека земјите членки се резервирани кон проширувањето бидејќи европскиот блок мора да реши некои свои внатрешни проблеми.

Иако се чини дека Брисел е заинтересиран за проширување повеќе денес отколку во минатото, презедени се само технички чекори во тој правец.

Тој рече дека тоа може да го разбере, бидејќи Европската комисија се занимава со многу други прашања.

Пахор верува лидерите на земјите од Западен Балакн ќе мора да пронајдат начин регионот да стане што повеќе атрактивен.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари