logo
logo
logo

ПАДНА МИКИ МИРНЕСА! Келнерката осомничена дека украла МИЛИОН ЕВРА се криела во Црна Гора

Vecer | 24.01.2023

ПАДНА МИКИ МИРНЕСА! Келнерката осомничена дека украла МИЛИОН ЕВРА се криела во Црна Гора

Мирнеса С.(42), осомничена дека измамила германска компанија за милион евра, пристигнала од Црна Гора на аеродромот во Штутгарт, каде вчера е уапсена, пишуваат германските медиуми.

Нејзиниот адвокат претходно најави дека Мики ќе се предаде, како и точното време на нејзиното пристигнување на аеродромот. Се уште не е познато каде ги сокрила парите.

- Сакала да се предаде, па нејзиниот адвокат контактираше со полицијата и ја извести кога доаѓа во Штутгарт, соопшти германската полиција.

 

Mirnesa S.

Според германските медиуми, Мирнеса била мирна при апсењето, а полициските службеници потврдиле дека се криела во Црна Гора.

Да потсетиме, Мирнеса, која украде милион евра од германска компанија, по што исчезна, во Штутгарт е позната и по прекарот Мики.

Како што претходно информираше германската полиција, Мирнеса на 14 октомври украла пари до кои имала пристап како вработена во компанија за транспорт на пари. Кражбата била откриена истиот ден, а полицијата веднаш започнала истрага.

 

Се зборува и дека Мирнеса сакала луксуз, но не можела да си го дозволи. За брендираните производи како ролекс, кои таа сакаше да ги покажува на фотографиите на Инстаграм, нејзините пријатели рекоа дека се копии.

Поранешен колега од фирмата која ја ограбила Иван Ангелов изјавил дека прво бил шокиран, но се сетил дека Мирнеса често зборувала дека повеќе не сака да работи, туку да се забавува, пишува германскиот РТЛ. Тој додал дека можела се да направи за мажот што го сакала и дека најверојатно сама не го организирала грабежот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk